Ковачевски тврди дека нема ништо ново, опозицијата обвинува за тајни преговори
Нема ништо ново во спорот меѓу Македонија и Бугарија. Премиерот тврди дека во овој момент нема предлог кој што би бил прифатлив за Македонија
Од опозицијата веќе втор ден ја обвинуваат власта за тајни преговори со Бугарија.
“Дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?!
Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе?
Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата. Трајно се нарушени Македонските позиции.“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Османи, Маричиќ и Ковачевски да не отстапуваат од македонските црвени линии порача и Социјалистичката партија која го обвини државниот врв за непринципиелна и погрешна политика.
„Господине Ковачевски, Османи и Маричиќ ве потсетуваме дека огромното мнозинство од граѓаните не го прифаќаат негирањето на македонскиот народ, македонскиот јазик и историја и сакаат да си го сочуваат личното и национално достоинство, што вие морате да го почитувате како ваша должност и обврска.
Вие сте должни да постапувате согласно Уставот, законите и Резолуцијата усвоена во Собранието на Република Македонија.“ – велат од СПМ.
Против францускиот предлог се огласи и владејчката НСДП која на првата седница на својот нов извршен одбор констатираше дека внесувањето на историските прашања во преговарачката рамка не е прифатливо.
НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив.
За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание – велат од партијата.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар