Бизнис
14. August 2020 - 19:55

Костовски: Смислено сценарио за пропаст на банката, кроено неколку месеци наназад

Смислено сценарио за пропаст на банката, кое се кроело неколку месеци наназад за да можат блиски луѓе да си ги повлечат парите од Еуростандард. Но и избрзана одлука на Народната банка, поради некомпетентноста и незрелоста на гувернерката Бежовска. Ова, според сопственикот на банката, Трифун Костовски се причините за згаснувањето на Еуростандард. Велат дека биле изиграни и наместени од поранешниот Управен Одбор, на чело со Николче Петковски и некои луѓе од Народната банка. Се барало жртвено јагне за испраните пари, а тоа испаднеле тие. Ако се прогласи стечај, најавија дека ќе ја тужат државата и Народната банка пред Арбитражен суд, а добиените пари ќе ги наменат за подмирување на сметките на клиентите.

-Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управен одбор кој нѐ „превезе“. Не се разбирам во банкарство но бев во Надзорниот одбор, а син ми во одделот за кредити.Значи не наместија како луѓе за отстрел. Против поранешниот Упавн одбор ќе поднесеме кривична пријава бидејќи правел малипулативни трансакции. „Каде се парите го прашав првиот човек на Управниот одбор. Тој ми рече во банката. Не ги видов ниту во трезор ниту на конто“ – рече Костовски.

Со пропаѓањето на Еуростандард семејството Костовски покрај изгубениот углед, загуби и 60 до 70 милиони евра. Имале и заинтересиран инвеститор, кој одлуката за купување на банката требал да ја каже денеска, а Народната банка донела решение за престанок со работа 2 дена претходно.

Оваа гарнитура на Народна банка е бирократска некомпетентна незрела и не ги познава бизнис тековите. Во случајов за килограм месо убиваш вол. Ние ќе ја спасебвме банката, но не ни се дозволи да работиме една година и затоа сметам дека беше подобро да ни ја одзедоа дозволата пред една година.

Костовски не знаат колку пари во моментов се заробени од правни и физички лица кои не можат да работа, но дел од нив изминатите денови забрзано ги ваделе парите од сметка. . Според народната банка, имото и опремата на Еуростандард се вредни 11,5 милиони евра. односно тоа е последната книговодствена вредност прикажана во билансот.