Спорт плус
21. July 2021 - 19:49

Костовски: Георгиевски размислува за медал на ЛОИ

Дејан Георгиевски е седми фаворит за златниот медал во категоријата 80+ во Таеквондо на Летните олимписки игри во Токио, но немаше среќа на ждрепката, која одреди прв ривал да му биде светскиот првак Рафаел Алба од Куба.

Неговиот тренер Дарко Костовски ја пренесува атмосферата од Токио во нашиот тим и уверува дека Георгиевски се подготвува со само една мисла а тоа е да ја израдува македонската јавност со медал.