Loading Video...
Фудбал
18. November 2019 - 19:53

Костадинов: Да го заокружиме циклусот со победа

Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 20.45ч го игра последниот квалификациски дуел за ЕП.  На Арената Тоше Проески гостува селекцијата на Израел против која ќе бркаме победа за пласман на третата позиција во групата. 
Во нашиот табор се свесни дека  освојувањето на ТОНСКИ  ФУДБАЛ  најдобриот квалификациски пласман во историјата на националниот тим  е повеќе од мотив.  Израел е секогаш незгоден противник но Македонија покажа во последните неколку сезони како треба да се игра против вакви противници. 
Селекторот Ангеловски  предупредува дека  Израелците имаа опасен напад но и слабости кои треба да се искористат без оглед на проблемите околу составот и бројните повреди. 
Еден од играчите кои добија шанса на дуелот во Австрија е Тихомир Костадинов кој се надева дека ќе заигра пред македонските фанови и ќе помогне Македонија да дојде до значајна победа. 
Утре во 18ч и нашата млада селекција на Фарските Острови  игра важен квалификациски дуел за следното ЕП. Селекторот Милевски се пожали на замрзнатиот терен и лошите услови за подготовка но најави игра на победа против незгодниот противник кој не изненади на последното гостување.