Косово: Почнува броењето на гласовите пристигнати по пошта
Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово информира дека денеска во 10 часот ќе почне броењето на гласовите кои за вонредните парламентарни избори се испратени по пошта, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според претходните информации од ЦИК, до неа од косовската дијаспора се пристигнати околу 15.500 пликови со гласови.
На вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, врз основа на прелиминарните резултати, води Движењето Самоопределување (ВВ), со освоени 203 илјади гласови (25,49 отсто), додека втор е Деморкатскиот сојуз на Косово (ЛДК) со околу пет илјади гласови помалку. Оваа партија, која заедно со ВВ во минатото Собрание на Косово беше во опозиција, освои 197,7 илјади, или 24,82 отсто од досега преброените гласови.
Досега владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) е трета со 169 илјади (21,24 отсто), а четврта е партијата на премиерот во оставка Рамуш Харадинај, која во коалиција со Социјалдемократската партија (ПСД) овои 92 илјади, или 11,57 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто