Македонија
17. November 2019 - 12:14

Косовец уапсен на Граничниот премин Јажинце

Вчера во 13.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во Р.С. Македонија, бил приведен С.Г.(56) од Косово, поради постоење сомнение за фалсификување на ВИН бројот на неговото патничко моторно возило „мерцедес230 Е“. С.Г. и возилото биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.