Loading Video...
Кошарка
7. August 2022 - 14:47

Кошаркарските „надежи“ не го искористија поклонот од ФИБА - следната година ќе играат во Б дивизијата

Машката јуниорска репрезентација на Македонија со нов пораз го заврши настапот на ЕП во Измир, Турција, за кошаркари до 18 години.
 
Избраниците на секторот Тони Симиќ се поразени од Хрватска со 72-59 во меч за 13-место кое носеше опстанок.
 
Со тоа црвено-жолтите  со само една победа и дури шест порази го завршија својот настап како 14-то рангирани, што не беше доволно да се обезбеди опстанок во елитната А дивизија. 
 
Така оваа селекција ја „прокоцка“ шансата која ни ја даде ФИБА, да се натпреваруваме со најдобрите, па следната година, јуниорите (герерацијата 2005-та и помлади) ќе настапуваат во второлигашката Б конкуренција.