Кошарка
9. November 2021 - 19:52

Кошаркарките подготвени за новиот квалификациски циклус

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија  со кратки подготовки патува за Хале каде в четврток и гостува на силната селекција на Германија. 

Со овој дуел стартува новиот квалификациски циклус за ЕП  а само три дена подоцна во Скопје гостува селекцијата на БиХ. 
Новиот селектор Ашаданов и искусната Нена Трајчевска на прес конференцијата изјавија дека тимот е многу поконкурентен од претходните квалификации и затоа со право се очекуваат подобри игри и резултати.