Loading Video...
Кошарка
18. February 2020 - 11:44

Кошаркарите ги прават завршните подготовки за дуелот против Естонија

Машката кошаркарска репрезнетацоја на Македонија ги прави завршните мини подготовки пред стартот на новиот квалификациски циклус. Македонските кошаркари во четврток ќе ги започнат квалификациите за Европското првенство во 2021 година. 
 
Црвено-жолтите веќе неколку дена се во арената Борис Трајковски каде ги одработуваат подготовките за првите два меча. 
 
Селекторот Александар Тодоров на располагање ги има сите 15-мина кошаркари кои се најдоа на неговиот список, па сега останува да реши кои тројца од нив нема да се појават на мечот против Естонија закажан за во четврток од 20:15 часот. 
 
- На контролниот натпревар со Гостива, видовме што и како би можело да изгледа сето тоа за она што следува во четврток, односно недела. Ќе анализираме заедно со моите соработници. Ќе се обидеме да направиме корекции во оние делови каде сметаме дека тоа може да биде и подобро. Се во насока максимално подготвени да ги дочекаме дуелите со Естонија и со Русија, изјави одоров.      
 
Во нашата квалификациска група истиот ден ќе играат Италија и Русија која ќе биде следниот противник на Македонија и тоа веќе во недела во далечниот Перм. 
 
Потсетување дека Италија е еден од ко-домаќините на Евробаскетот догодина, па затоа од оваа група три селекции ќе имаат можност да се пласираат на завршниот турнир.