Loading Video...
Кошарка
19. August 2021 - 11:43

Кошаркари на 31 август ќе ги дознаат противниците во главната фаза од квалификациите за СП 2023

 
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја исполни зацртаната цел, ги мина предквалификациите за Светскиот куп 2023 година
 
Со два порази и две победи македонските кошаркари завршија како прво рангирани во својата пред-квалификациска група, а во друштво на Словачка и Швајцарија. 
 
Со видно изменет состав, поради отсуство на повеќемина искусни репрезентативци и нов селектор, Македонија прикажа променлива игра на четирите средби во СЦ Јане Сандански каде си играа квалификациите. 
 
Поразот од Швајцарија во првата рунда како да ги подразбуди избраниците на Бајиќ дека патот кон целта нема да биде лесен, по што следуваше убедливиот трумф нас Словаците и реваншот над Швцајцарците.
 
Сепак. Синоќешниот убедлив пораз од Словачка со 16 поени разлика, само уште еднаш ја потврди констатацијата дека оваа селекција пред себе има многу што да корегира доколку сака да биде конкурентна во следниот квалификациски циклус. 
ТОНСКИ
Македонија е една од 12-те селекции кои преку предквалификациите се пласира во главната квалификациска рунда во која ќе се приклучат и 24-те селекции кои имаат обезбедено настап на следниот евробаскет. 
 
Кои ќе бидат противниците на црвено-жолтите за следната мундијлска квалификациска рунда ќе ги дознеме по ждрепката закажана за 31 август. Квалификациските натпревари ќе се играат во три „прозорци“, а првиот е веќе во ноември.