Македонија
6. August 2020 - 21:08

Корона вирусот влезе во геријатрија - заразени 5-мина пациенти

Пет пациенти сместени во специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина во Скопје се заразени со Ковид-19. Потврди за Сител директорката на установата Д-р Салија Љатиф Петрушовска. Според неа пациентите најверојатнo се заразени од вработени во установата бидејќи тестирањата на персоналот кој е ангажиран на тој оддел покажал присуство на вирусот кај три лица. Двајца од пациентите кои имале потешка клиничка слика се префрлени на клиниката за инфективни болести, а другите тројца се сместени во детската болница Козле која во моментов функционира како втор Ковид центар.