Бизнис
17. October 2020 - 16:49

Корона кризата ја зголеми сиромаштијата - нови 100.000 лица ќе живеат со 126 денари дневно

Нови 100.000 лица ќе западнат во сиромаштија и ќе живеат со помалку од 126 денари на ден како  последица на ковид криза. Стапката на апсолутна сиромаштија ќе се зголеми за високи 5,2 процентни поени, што значи вкупно 475 илјади лица ќе крпат крај со крај со по 3,780 денари месечно, покажува истражувањето на Фајнанс Тинк. Ќе расте и екстремната сиромаштија. Дополнителни 25.000 лица ќе  живеат со помалку од 44 денари дневно. Најпогодени ќе бидат младите и невработените. Состојбата дополнително ќе се влоши – ако повторно се затворат капацитетите. Потребни се владини мерки – како на пример зголемување на офатот за стекнување минимална помош.

Се проценува дека олеснетите услови за стекнување ГМП како одговор на Ковид-19 кризата имаат потенцијал да придонесат за намалување на екстремната сиромаштија за околу една четвртина, односно да извлечат од екстремна сиромаштија околу 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден. До јули годинава, потенцијалот е искористен само 65%, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија.

Еден од владините приоритети ќе биде токму намалување на сиромаштијата, вели премиерот Заев. Преземените мерки, како зголемуње на минималната плата, социјалната помош, намалување на сметките за парно, враќањето на евтината тарифа се само дел од нив. Со четвртиот сет мерки ќе се подобри стандарот на најпогодените

Владејачката партија со своите политики не само што не ја намали, туку бележи енормен пораст, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Извештајот на Светска банка прогнозираше дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција. Четвртиот пакет на мерки како и сите претходно за време на коронакризата беа ненавремени, задоцнети и недоволни, СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакни приходи., се наведува во соопштението на опозицијата. 

На Светскиот ден на борба против сиромаштијата, во ек на пандемија, предизвик за сите влади ќе биде навремено и брзо реагирање, за да се зачуваат работните места и да се спречи порастот на сиромашни.  Изгубеното работно место ќе значи  загуба на личниот доход, пониски приходи во семејството, помала потрошувачка и страв од иднинатата дека семејставта  нема да можат да ги задоволат ниту основните животни потреби.