Бизнис
9. April 2021 - 16:38

Корона кризата ги намали добивките и на компаниите во зоните

Корона кризата, затворените капацетитети и намалените нарачки од странските партнери негативно се одразија врз работењето на компаниите лоцирани во ТИРЗовите. Повеќе од половината или 53% минатата година ја завршиле со загуба, само 14 фирми оствариле добивка. 9 компании морале да отпуштаат вработени, но 18 имале потреба од нов кадар. Вкупната добивка им изнесува 4 милијарди денари или 65 милиони евра, за разлика од претходната кога  заработката им достигнала скоро 100 милиони евра. Сепак, директортот на ТИРЗ, задоволен – има пораст на платите. За да ја достигнат просечната плата, државата ќе  ги стимулира со нови мерки.

-Достигнатото ниво сеуште е под просечниот за целата економија, но охрабрува фактот дека имаме позитивен тренд на раст. Затоа сега воведуваме нова мерка за поттик на отворање работни места со која нема да даваме средства само за отворање на работни места без критериуми, туку тие ќе бидат врзани со одреден процент на раст на платите на вработените во компанијата, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Од 30те странски компании каде работат над 14 илјади лица вкупно во буџетот се слеале 40 милиони евра. Државната помош пак која ја добиле за истиот период изнесува 21 милион евра. Инаку, според Деспотовски, бројките од стартот на годинава влеваат оптимизам дека оваа ќе биде подобра од ланската.