Loading Video...
Кошарка
7. February 2023 - 14:14

Комплетиран е играчкиот ростер на нашата женска сениорска репрезентација

Утринскиот тренинг во СРЦ „Кале“ донесе и комплетна слика, на националниот тим му се приклучија и интернационалките
 
Селекторот Александар Ашаданов, макар и за момент, може да здивне. Причина за задоволство, макар и во услови кога не може да смета на сите повикани кошаркарки, претставува информацијата дека на утринскиот тренинг во СРЦ „Кале“ беа присутни и кошаркарките кои оваа сезона настапуваат надвор од границите на Македонија.
 
Односно ударното трио предводено од капитенот на националниот тим, Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, како и Тијана Митрева и Милица Николиќ.
 
Вечерва, од 18.часот, нашиот женски сениорски национален тим ќе одработи уште еден тренинг, по кој следува патување до главниот град на БиХ, Сараево, каде во четврток навечер, од 20.часот, ќе го играме натпреварот од 5. коло од квалификациите за Евробаскетот 2023.