Loading Video...
Фудбал
12. May 2021 - 18:44

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години

ФФМ и Комерцијална банка денеска потпишаа договор за тригодишна соработка со кој нашата најголема и најреномирана  банка  ќе биде поддржувач на  македонската фудбалска репрезентација кој ќе учествува на следното ЕП. 
Македонскиот фудбал гради убава приказна со пласманот на шампионатот на најдобрите на стариот континент.  Затоа таа треба да се поддржи со цел да се мотивираат нови генерации да тргнат по стапките на Пандев и неговите другари од националниот тим.  Токму затоа Комерцијална банка е нов партнер на македонскиот фудбал. 
Успесите секогаш носат нови пријатели  и токму затоа е задоволство да соработувате со парнер кој знае да ги препознае вистинските вредности. 
 
Членовите на националниот тим  Стефан Ристовски и Висар Муслиу преку видео порака го поздравија договорот на ФФМ со Комерцијална банка.