Живот
28. October 2015 - 19:19

Коментар на девојка за костим за Ноќ на вештерките ќе ви ја заледи крвта

Пред неколку години Џеси Девин, 26 годишна девојка од Флорида, напишала моќна порака во овој костим.
 
Во својот блог таа објаснила како анорексијата точно влијаела на неа со коментар: „Навистина секси, а? Ова е монструозно лице Ана Рексиа. Сакаш да се облечеш како анорексична? се што ти треба е:
- 4 години поминати во болница
- Носна цевка низ која се храниш зашто си толку многу изгладнета што твоето тело не ја препознава храна како добра работа и само од себе пробува да напдне.
- Синдром репрехранување кој може да те убие
- Татко кој плаче и клечи на колена молејќи те да побараш помош
- Мајка која плаче секој пат кога ќе те види зашто личиш и мирисаш на СМРТ.
- Скоро секој важен орган од творето тело пропаѓа.
- И ако не побараш помош како што јас направив, тука е мртовечкиот ковчег. Изгубив повеќе пријатели поради ова пореметување во исхраната отколку било што друго во животот.
 
Тоа што скоро ја убила оваа девојка не смее да се нарече секси костим.
 
Својата порака ја завршила вака: „Сакате да се облечете како Ана Рексиа? Маскирајте се во вампири или зомбија, зашто една третина од нас е веќе мртва.“
 
Четири години покасно тој ужасен костим и понатаму се продава.
 
Порака на Џеси е поставен на вирал, а таа вели дека поради тоа и е мило зошто така луѓето можеби ќе ја разберат малку подобро. Моментално таа поминува низ нов циклус на терапии за да биде сигурна дека здравјето нејзино ни на нејзината неродена ќерка нема да бидат загрозени.