Македонија
24. January 2022 - 21:16

Колку трае изолација за Ковид-19 - што препорачуваат светските здравствени власти?

Владата се уште не се произнесе по предлогот на комисијата за скратување на изолацијата од 10 на 7 дена за асимптоматските случаи. Ова ќе се одлучува по враќањето на владините министри министрите од Бугарија. Изолирање на контактите се уште трае 14 дена доколку имаат симптоми. За разлика од кај нас, во соседството изолација за контактите е намалена на 5 дена. Вакви се новите мерки во Србија, карантинот се одредува на лице кое било во контакт со заразен а нема симптоми, додека  пак изолацијата на дијагностициран е намалена на 7 дена.

Поради брзото ширење на омикрон сојот, во Словенија изолацијата за заразените  е скратена од 10 на 7 дена по што со негативен тест можат да се вратат на работа.

Светските истражувања покажуваат дека скратувањето на изолацијата може да биде опасно. На почетокот од пандемијата изолацијата во некои држави изнесуваше и 28 дена а денес ја смалуваат измеѓу 5 и 7 дена. Се уште не е докажано колку дена лице позитивно на корона  може да го пренесе вирусот. Според проценките на британската агенција за здравје третина од луѓето кои имаат ковид 19, петиот ден по појавата на симптомите или позитивниот тест се уште се заразни. ВО некои случаи и по негативен тест лицата се уште можат да ја шират заразата уште неколку дена. Имунолози од Лондонскиот Митрополиан универзитет велат дека лицата кои имаат Ковид19 вирусот го шират од два дена пред појавата на првите симптими  и десет дена потоа.

Но и тие немаат прецизни податоци коолку омикрон сојот е вирулентен кај едно лице. студијата на британските експерти, дури 31 процент од пациентите се заразни петтиот ден од почетокотт на симптомитее. Седум дена по симптомите или позитивен тест овој процент се намалува на 16отсто. 10 дена по првите симптоми само 5 проценти се сеуште заразни.

Студијата од Јапонија пак покажува дека луѓето кои биле вакцинирани и се инфицирале со омикрон варијантата биле најзаразни три до шест дена по првите симпто9ми. По 10 дена кај нив не се пронајдени вирусни честички.

Регионалниот директор на СЗО одговорен за Европа испрати позитивен сигнал дека се ближи крајот на пандемијата која трае веќе две години. Според него по омикрон сојот се зголемува надежта дека коронавирусот од пандемија ќе се развие во ендемична инфекција како грипот.

Ханс Клуге смета дека кога ќе стибне омикрон бранот населението во Европа ќе има имунитет на коронавирусот неколку недели и месеци, без разлика дали од вакцината или пак од прележана инфекција. Тој предвидува дека е можно 60 проценти од луѓето во Европа да се заразат од омиркотн сојот до март оваа година.