Македонија
24. September 2021 - 16:44

Колку ќе ве чини подготовка на тегла домашен ајвар?

Традиционалниот домашен ајвар сè помалку присутен на трпезите. Граѓаните велат дека највкусен е ајварот направен дома, но е прескап. Цените на производите од година во година растат. Годинава се рекордни.

Пиперките на скопските пазари се продаваат по цена од 50 денари за килограм, парче модар патлиџан чини 10 денари, а литар масло се продава за околу 90 денари. За да се подготват најмногу 10 тегли ајвар се потребни 30 килограми пиперки, 8 модри патлиџани и литро и пол масло, според сегашните цени тоа ќе чини повеќе од 1.700 денари. Односно, една тегла ајвар би чинела најмалку 170 денари, не вклучувајќи ги тука трошоците за тегли, дрвата потребни за подготовка на ајварот ниту, пак, вложениот труд.

Тоа за граѓаните е неисплатливо.

Продавачите велат дека годинава била сушна и квалитетниот род е помал од вообичаено, а зголемени се и нивните трошоци за одгледување на овие земјоделски култури. Затоа пиперките се продаваат поскапо од претходно.

Граѓаните се согласни дека во овие услови поисплатливо е да си купат индустриски, отколку да готват домашен ајвар.

За 10 тегли ајвар потребно е:

30 кг пиперки                  ( 50 ден/кг)       =  1.500 ден.

8 модри патлиџани ( 10 ден/парче)      =       80 ден.

1,5 литри масло        ( 90 ден/литар)      =     150 ден.

                                                           __________________
                                                                   =   1.730 ден.

односно трошокот за 1 тегла ајвар изнесува најмалку 170 ден.

НЕ ВКЛУЧУВАЈЌИ ги трошоците за тегли, дрвата потребни за подготовка на ајварот, ниту пак вложениот труд.