Македонија
1. December 2020 - 21:16

Колку искуства на армиските лекари ќе помогнат во справување со пандемијата од Ковид-19

Военото искуство се префрла на првата борбена линија на фронтот против Ковид-19. Воено медицинскиот персонал во минатото работел и со други инфективни заболувања. Командатот на воено медицинскиот персонал, д-р Елизабета Наумоска Петреска за Сител вели армиските доктори се многу искусни. Досега војници биле испраќани во ендемски зони каде вирусните епидемии се чести закани.

-Сме работеле и со инфективни заболувања. Она што го знаеме по сите книги, она што го знаеме по сите стандарди, би рекла и НАТО стандарди, како земја-членка, дека борбата со инфективните заболувања можете брзо да се изборите само ако направите брза детекција, брзо поставување на дијагноза, брзо изолирање на пациентот и негово активно лекување, вели д-р Наумоска.

За Армијата здравјето е пред и нас се. За да се постигне воената дисциплина во јавното здравство најважна е координацијата. Наумоска вели дека веќе е направена координација со првиот човек на здравството и со директорите на ковид центрите каде армиските доктори и медицински сестри ќе помагаат.

-Оваа помош која што се дава од Армијата е буквално за потребите на она што се нарекува приоритет за земјата. Ние сме овде на цивилните здравствени капацитети и помагајќи на тој дел помагаме на националниот одговор во борба против пандемијата. Кога добро сме искоорнирани и кога сме во улога на национален одговор на нешто што се претставува висок приоритет за земјата не треба да се сомневаме дека ќе биде беспрекорно изработено, вели Наумоска.

Откако властите прогласија кризна состојба армијата се вклучи во борбата против коронавирусот. Во јавното здравство се приклучуваат 30-тина воено-медицински работници, а припадниците на Армијата и во обезбедување на редот пред болниците.