Loading Video...
Ракомет
30. November 2019 - 14:54

Кокшаров: Без разлика на проблемите очекуваме добар резултат против Веспрем

Со натпреварот против Веспрем во недела во Скопје завршуваат десетте од предвидените 14 кола во групната фаза во ЕХФ лигата на шампионите. Европскиот првак Вардар и за овој меч има проблеми со составот бидејќи дел од играчите се уште се повредени, а дел во процес на рехабилитација.

 
„ Нема смисол постојано да зборуваме за тоа дека не сме комплетни. Мислам дека оние што се подготвени за игра ќе го покажат најдоброто. Очекувам да го покажат најдоброто од себе и пред наша публика да обезбедиме добар резултат“, вели тренерот ма вардарци  Едуард Кокшаров.
 
Натпреварот Вардар - Веспрем ќе се игра утре (недела, ) во СЦ „Јане Сандански", а е последна за македонскиот и европски првак Вардар во тековната календарска година.