Loading Video...
Тенис
29. јуни 2022 - 20:03

Кокинакис без шанси против Ѓоковиќ

 
Новак Ѓоковиќ, одигра одличен меч во  второто коло на Вимблдон и со 3-0 го  декласираше Австралиецот Танаси Кокинакис.
Србинот играше максимално ангажирано од самиот почеток и победата ја оствари за неполни два часа со што си обезбеди меч во следното коло со сонародникот 
 Миомир Кецманович кој беше подобар од  Чилеанецот Алехандро Табило.
Ѓоковиќ сега нема пораз на Вимблдон неверојатни 1.812 дена, односно последен пат загуби од сега веќе пензионираниот чешки тенисер, Томаш Бердих на 12 јули 2017 година.
Борбите завшија за финалистот на  Ролан Гарос, Каспер Руд кој со 3-1 загуби од Французинот Иго Умбер.
Вистинска сензација на женскиот турнир приреди германката Нимајер која во два сета ја елиминира втората носителка Контавеит.