Македонија
7. April 2020 - 19:41

Кој модел ќе го искористи Пендаровски ако треба да ја продолжи вонредната состојба

Претседателот Стево Пендаровски нема да ја продолжи тековната вонредна состојба која истекува на 16 април, туку ќе прогласи нова вонредна состојба од 17 април. Ова е решението што ќе го примени Претседателот доколку постои потреба државата да остане  вонредната состојба поради корона вирусот во услови кога не постои уставна можност за продолжување на состојбата.

Според Уставот, вонредната состојба ја прогласува парламентот, но бидејки не може да се состане, таква надлежност добива шефот на државата. Пендаровски таквата можност веќе ја искористи пред 20 дена – на 18 март. Имајќи предвид дека пикот на КОВИД 19 во земјава се очекува наредните две недели, јасно е дека ќе има потреба вонредната состојба да трае и по 16 април.

Од кабиентот на Пендаровски велат, во Уставот не е споменато продолжување на вонредната состојба, туку само прогласување. Имајки пред вид, дека собранието не може да се состане, Пендаровски ќе чека да истече тековната, и да прогласи нова вонредна состојба, велат од кај шефот на државата.

- „Претседателот може да донесе одлука за повторно утврдување на постоење на вонредна состојба, на дел или на целата територија на државата, за определен број на денови, но најмногу 30 дена, врз основа на претходен предлог на Владата на Република Северна Македонија. Бидејќи постои известување од претседателот на Собранието дека поради одлуката за распуштање на Собранието истото не е во можност да се состане, правната ситуација не е променета и предлогот од Владата може да се упати до Претседателот на државата.“, објаснуваат од кабиентот на претседателот.

Пред да ја донесе одлуката за нова вонредна состојба Пендаровски ќе чека и Извештај од Владата за тоа как државата досега се справува со ширењето на коронавирусот.

И експертите сметаат дека ова е исправно правно решение за фактичко продолжување на вонредната состојба.

Силјановска  апелира Пендаровски ја повтори и препораката Владата да носи уредби кои се однесуваат само на корона вирусот.