Живот
9. September 2020 - 21:33

Кои навидум безопасни уреди може да предизвикаат пожар?

Полначи за мобилен телефон, лаптоп компјутери, електрични ароматизери разни сијалички, адаптери се апарати кои можат да предизвикаат пожар иако навидум не се во функција. Граѓаните најчесто ги оставаат вклучени во струја не размислувајќи дека при помал спој, затоплување може да избувне оган. На овие електрични уреди не се обрнува многу внимание ниту во деловните простории каде вработените постојано ги користат. Како да се заштитат граѓаните и на што најмногу да внимаваат разговаравме со експерти во областа.

Хидрантите за вода се клучни за брза интервенција доколку избувне пожар. ПП апаратите и хидрантите се задолжителна опрема во секоја работна просторија, но неопходни и во колективните објекти за домување. Често пожарникарите се соочуваат со потешкотии во пристапот кон гаснењето, а доколку како во случајот со денешниот пожар, хидранти воопшто нема, ситуацијата е уште потешка.