Македонија
12. March 2018 - 16:11

Коѕијас бара пакет решение со уставни промени - Вес Мичел доаѓа да помогне во спорот за името

Вес Мичел, помошникот државен секретар на САД очиледно е најголемиот ,,тешкаш‘‘ кој може да се вклучи во спорот со името. Утре доаѓа во Скопје, а веќе во четврток патува во Атина. Мичел ќе ја понуди својата поддршка на Македонија пишува во официјалнатра најава од стаејтдепартментот, за преговорите со Грција кои се во тек. Во Скопје ѓе ги споделеи ставовите со Заев и Дитров, а тие не го кријат задоволството од посетата на Мичел.

Помошникот државен секретар еден ден подоцна ќе ги размени мислењата и со грчката страна, а таму очигледно ѓе биде пречекан со црвените линии. Никос Коѕијас веѓе потврди дека нема промени. Во интервјуто за Документо тој посочи дека е умерен оптимист, кој не верува дека меѓунбародоен договор може да ја надмине моѓта на уставот.

Промената на Уставот на пријателот и сосед, значи, прво имплементација на ерга омнес, односно употреба на новото име во сите случаи, на меѓународно и внатрешно ниво, како и за избегнување на идни несогласувања што би произлегле без оваа промена. Второ, дека во иднина би се избегнало една друга влада кај соседот да побара објаснувања за прекршување на Уставот, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, напредокот во процесот на разговори го препиша на политиката која ја водела официјална Атина и мерките за градење на доверба помеѓу двете земји.