Македонија
18. September 2017 - 17:30

Коѕиас - Гутереш: Интензивирање на преговорите за името по локалните избори

Постои голема можност Македонија и Грција да влезат повторно во интензивни разговори за решение на спорот за името, веднаш по локалните избори во октомври.
 
Ова го најавил грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, синоќа во Њујорк по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, но повотрно го потенцирал моментот дека Македонија треба да го напушти иредентизмот.
- Како што знаете, до октомври соседната земја ќе се занимава со прашања поврзано со изборите во локалната самоуправа. Потоа, мислам дека има прозорец на можност,  да се разговара за проблемот со името, но и да се напушти иредентизамот.
 
На средбата на Коѕијас со Гутереш бил присутен и грчкиот преговарач, Адамантиос Василакис кој вчера пред состанокот имал средба и со медијаторот Метју Нимиц.
 
Во Њујорк е и македонската државна делегација предводена од Премиерот Зоран Заев. Заев исто така е предвидено да има средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, а најверојатно и средба со медијаторот Метју Нимиц.
 
Антонио Гутерш на состанокот со Кодѕзијас ги поздравил обновените напори за изнаоѓање на решение за спорот за името, посочуваат од прес слушбата на ЈУ ЕН.
 
Инаку заев покрај средбата со Гутереш, ќе учествува и ќе зборува на  тематската конференција „Отворено владино партнерство“, и ќе учествува во работата и на други тематски панели за време на овој светски собир на претседатели на држави и шефови на влади, со кои ќе претседаваат Претседателот на Франција Емануел Макрон, потпретседателот на САД Мајк Пенс.
 
Предбидени се серија билатерални средби, меѓу кои и средба со американскиот претседател Доналд Трамп.