Македонија
23. May 2022 - 16:32

Кочани се гуши во чад, повторно запалена градската депонија

Кочанчани повторно се гушат во чад. Овој пат причина е запалената градска депонија, што предизвика енормен раст на аерозагадувањето. Граѓаните утрово реагираа поради силната миризба од запалените материи и бараат од надлежните во комуналното прептријатие да преземат итни мерки за гаснење на огнот и елиминирање на чадот.

  • Граѓаните со право реагираат зашто од пред неколку дена градската депонија повторно чади. Тоа е практично резултат на претходно подметнатиот пожар-изјави ИВАН ИВАНОВ, ДИРЕКТОР НА ЈКП „ВОДОВОД“-КОЧАНИ

Депонијата постојано се третира со течен раствор од алги кое го спречува самозапалувањето на метанот.

  •  Не е резултат на палењето на метанот, туку е резултат од палење на самото ѓубре, кое е претежно од пластична амбалажа и согорливи материи-додаде Иванов

Раководството на претпријатието на неколку наврати пријавува во полиција дека поединци намерно ја палат депонијата, поради што на терен постојано излегува противпожарен инсектор, но праксата продолжува, а граѓаните вдишуваат токсични материи. Затоа се размислува за ставање на видео надзор на неколку пункта на депонијата, меѓутоа за тоа е потребно поставување на електрична инсталација. Кочанчани за во среда најавија масовни протести против аерозагадувањето во градот.