Loading Video...
Спорт плус
30. December 2019 - 16:12

Кобајаши триумфира во Оберсдорф на стартот на турнејата „Четири новогодишни скокалници“

Роју Кобајаши кој е минатогодишниот победник на турнејата „Четири новогодишни скокалници“ триумфално го отвори и 68-тото издание.
 
Јапонецот, кој лани со победи на сите четири скокалници стана само третиот во историјата кој остварил ваков успех, триумфира на првиот натпревар одржан во германскиот центар Оберсдорф. 
 
Кобајаши оствари скокови од 138 метри во првата 134 во втората сеија, доволно зад себе да ги остави Германецот, Карл Гајгер, односно Полјакот, Дабид Кубицки кој заврши како трето пласиран. 
 
Со оваа победа Јапонецот се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман во светскиот куп, сега со 113 бодови повеќе од Гајгер кој е второ пласиран, а по нив следува Австриецот, Стефан Крафт кој во Оберсдорф заврши на четвртото место. 
 
Традиционално вториот натпревар од турнејата „Четири новогодишни скокалници“ е на првиот ден во Новата година кога на 1 јануари скокачите ќе се натпреваруваат  во Гармиш-партенкирхен, а потоа се селат во Австрија, односно на 4 јануари во Инсбрук и 6 јануари во Бишсхофен.