Македонија
12. March 2018 - 13:35

Книга за холокаустот на македонските Евреи од Мартин Треневски

Издавачката куќа „Нампрес“ ја објави книгата „Холокаустот на македонските Евреи – злосторство што не се заборава“ од дипломатот, новинар и публицист Мартин Треневски, која е анализа за сведочења на преживеаните македонски Евреи за бруталноста со која нивните предци биле испратени во логорите на смртта. 

- Треневски го опишува животот на Евреите во Македонија, долг повеќе од 2000 години, и судбина слична на македонскит народ низ историјата. Прецизно се дадени имињата и бројноста на еврејското население низ историјата, нивниот пат, раселувања и населувања на пошироката територија на Македонија, нивниот живот и работата низ вековите. Посебно се интересни податоците за тоа како значајни личности со еврејско потекло се бореле и придонесувале за слободата на Македонија во подалечното, но и во нашето поблиско минато, соопшти издавачот.

Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик. Преводот на англиски е на Ристо Стефов, македонски иселеник од Торонто.