Фудбал
2. јуни 2020 - 14:01

Клоп: Ливерпул сè уште не е шампион, треба да работиме напорно

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побара од неговите избраници да не се опуштаат кога е во прашање борбата за на титулата во Премиер лигата, иако црвените имаат огромна предност пред конкурентите.

– Убаво е да се размислува за тоа, но сè уште не сме шампиони и тоа го знаеме. Знаеме дека сме многу блиску, но работата не е завршена. Сè уште не сме шампиони. Ливерпул мора да игра и да победи и на следните натпревари. Не сакаме да престанеме да победуваме по два или повеќе натпревара. Треба да работиме многу напорно, изјави Клоп.

По 29 рунди во Англиското фудбалско првенство, Ливерпул е лидер пред второпласираниот Манчестер сити со 25 бода предност.