Македонија
22. October 2019 - 16:43

Ќе забави ли спроведувањето на договорите за добрососедство поради ветото за преговори со ЕУ?

Заев вели дека одложената одлука за старт на преговорите нема да ја одложи примената на Договорите со Грција и Бугарија иако во договорите голем број чекори се врзани токму за отворањето на поглавја на земјава со Европската Унија.

ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека ако нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот партијата би се фокусирала на реформи кои ќе донесат брза интеграција.