Македонија
1. December 2022 - 19:50

Ќе се ревидираат ли дипломите и праводусните испити на спорните кандидати?

Штуловиот универзитет во Тетово од 2008 до 2012 година издавал дипломи со звање што го добива дипломиран правник со четири студиски години, но со број на кредити како правниците со три студиски години, потврдила ревизијата што ја направил Државниот просветен инспекторат. 

Инспекторите направиле вонредна контрола од барање на Антикорупциската комисија која го отвори случајот на синот на собранискиот спикер Џафери поради предвременото полагање на првосудниот испит без диплома од магистарските студии. 

„При надзорот е констатирано дека од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа – Правен факултет, во периодот од 2008 година до 2012 година, издадени се вкупно 449 уверенија при што сите студенти имаат добиено уверенија за завршени студии во траење од шест семестри во кое е наведено дека се усвоени 180 ЕКТС кредити, наведен е стекнатиот просек на студентот и наведено е дека е здобиен  со VII/1 степен на стручен назив Дипломиран правник (бачелор)“, велат од инспекторатот.

Со степен VII – 1 се стекнуваат дипломираните кои студирале 8 семестри и кои освојуваат 240 кредити, но дипломата пак, стоејат и 180 кредити што се освојуваат со студии од 6 семестри. Од Инспекторатот не одговараат на прашањето на „Сител“ дали ваквите дипломи во кои е наведен еден статус, а кредитите одговараат на друг, се валидни за државата и кои ќе бидат последиците на Универзитетот и за тие што ги имаат дипломите.

Вториот спорен момент во случајот е чувањето на документите од пријавата на Барлет и останатите што полагале правосуден испиот во Министерството за правда. 

Министерството според Законот за архивско работење има право да одреди документите да се чуваат само една година како што направиле, но според Законот за правосуден испит од 2013 година тоа требало да бидат 5 години. Имено, според овој Закон, е предвидена Комисија за ревизија на полагањето на правосудниот испит преку сите документи што ги чува министерството. При тоа ревизијата се прави за 5 години наназад. 

Иако според новиот закон за правосуден испит од 2019 година не постои Комисија што би правела ревизија на испитите, сепак, постои обврска Министерството за правда да ги чува сите документи за кандидатот, како и записниците од неговото полагање, што значи контрола е можна во секој момент. 

Во меѓувреме е оболоденет и составот на Комисијата за полагање на правосуден испит пред која полагал синот на Џафери. Таму се поранешните врховни судии Лидија Неделковска, Јово Ванѓеловски и Николчо Николовски. Членови биле и актуелниот врховен судија Фаик Арслани и поранешниот народен правобранител, сега член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Секретар на Комисијата бил Александар Алексовски.

Дел членови од оваа Комисијата за Сител велат дека немале законска надлежност за тоа дали кандидатите исполнуваат услови, туку за практичното спроведување на испитот на кандидати што им биле утврдени од Министерството за правда.

И поранешниот народен правобранител Мемети, во телефонски разговор ни потврди дека Комисијата немала надлежност и увид во документацијата на кандидатот. Административниот дел со пријава докази за исполнети услови според Законот се во рацете на Министерството за правда, вели тој. 

Барелет Џафери во 2015 година полагал правосудуен испит со решение на министерот Аднан Јашари, сопартиец на татко му и покрај тоа што немал диплома за завршени магистерски студии и приправнички стаж од една година. 

При тоа од Акдемијата за судии и јавни обвинители, застанаа во одбрана на Џафери велејќи дека министерот може да дозволи предвремемно полагање на испитот, а во време на полагањето во февруари 2015 тој веќе ги имал освоено потребните 300 кредити, иако магистрирал по правосудниот испит во јуни 2015.