Бизнис
28. January 2022 - 22:51

Ќе плаќаат ли граѓаните повисоки сметки за три часа парно?

Греењето од три часа плус, нема да треба да се плати. И од ЕСМ и од БЕГ, уверуваат дека граѓаните треба да бидат мирни, топлината која ја добиваат и по 22 часот, нема да биде фактуирана во нивните сметки.

Објансуваат дека оваа енергија, доаѓа од производството на струја во топланата ТЕТО. Со прогласувањето на кризната состојба и на пазарот со топлинска енергија, граѓаните имаат парно до 1 часот по полноќ.

Од БЕГ соопштија и дека веќе се обезбедени потребните количини на гас за февруари. Од компанијата очекуваат цената на енергенсот, да биде нешто пониска од досегашната, но колку точно ќе изнесува ќе се знае на последниот ден од овој месец.

Врз основа на движењето на берзите очекуваме цените на природен гас за февруари да бидат пониски од оние во јанаури. При тоа оваа цена се уште ќе биде значително повисока од одобрената цена во тарифата за топлинска енергија, а разликата ќе се покрие со инструментите на надлежните инситуции за решавање на кризна сосотјба, се вели во дописот од БЕГ.

Засега за покривање на трошоците за набавка на гас, државата обезбеди 6 милиони евра. Дали ќе бидат доволни ќе покажат берзите, но од Владата посочија дека пари има.

Со прогласувањето на кризната состојба, ЕСМ целосно го презема работењето на БЕГ и Скопје Север, откако тие побараа помош од државата, поради високата цена на гасот. Средствата кои ќе ги добие БЕГ од државата, ќе треба да ги врати следната година.

ТЕТО пак доби насока да работи 7 дена во неделата - струјата да ја продава на ЕСМ, а топлинската енергија да ја испорачува на БЕГ.