Loading Video...
Балкан
12. July 2021 - 16:42

Ќе има ли Влада по тесниот изборен резултат во Бугарија?

Ниту повторените избори во Бугарија не донесоа јасен победник. Вчерашното гласање со убедливо најнизок одзив досега донесоа мртва трка помеѓу екс премиерот Борисов и шоуменот Трифонов. 

Според резултатите од над 90% обработени гласови, „Има таков народ“ ќе освои 65 пратеници, додека ГЕРБ во новото бугарско Собрание ќе биде застапена со 63 народни избраници.

И покрај тоа, Трифонов најавува самостојно формирање на Влада која ќе биде составена од експерти која ќе ја предводи 52-годишниот економист Николај Василев. Помеѓу приоритетите на оваа Влада Трифунов вели дека ќе се најде и Македонија. 

Испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА. Тие мора да бидат маж и жена, и идната бугарска Влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од Северна Македонија, најави Трифонов. 

Коалицијата Бугарски патриоти предводена од Каракачанов повторно не успеа да освои ниту еден пратеник. Партијата на Каракачанов сепак однесе убедлива победа од бугарската дијаспора во Македонија со над 37 проценти од гласовите. Според првичните резултати на бугарската Цетрална изборна комисја второпласирана партија на гласањето во земјава е ГЕРБ на Борисов.

Конечните резултати се очекува да бидат соопштени во четврток по што ќе стане појасно дали Буагрија ќе успее да формира политичка Влада, важна и за европската интеграција на земјава и покрај тоа претседателот Радев вчера порача дека ниту една политичка гарнитура нема да ја промени политиката кон Македонија.