Спорт плус
24. October 2019 - 15:07

Кикбоксерот Бобан Илијоски останува во борба за медал на СП во Сараево

Македонската кикбокс репрезентација е дел од Светското првенство што се одржува во Сараево. На Мундијалот на кој учествуваат 754 натпреварувачи од 58 држави, а Македонија е преставувана од вкупно шестмина, останаа само уште двајца во конкуренција. 
 
Бобан Илиоски кој настапува во дисциплината К1 (-81.кгр) обезбеди пласман во четвртфиналето. 
 
Тој со 3-0 на поени го победи Нијат Хејдаров од Азербејџан, па за место меѓу четворицата најдобри, а со тоа и шанса за медал, ќе има тежок предизвик, а тоа во Србинот, Александар Менковиќ.
 
Останатите четворица кикбоксер, Дарко Најдов Роберт Костовски, Емир Ибраим и поранешниот шампион Димитар Ѓоргиев, кои настапија на првиот натпреварувачки ден претрпеа порази,. 
 
Борбите денеска ги заврши и Даниел Митров кој за противник во дисциплината К-1 (-57.кгр) го имаше Молдавецот, Максим Казаку.
 
Така Илиоски, останува единствениот македонски кикбоксер на Мундијалот кој сеуште има шанса за медал.