Киднапирање во Скопје
Десетина минути пред полноќ синоќа, во полициската станица во Ѓорче Петров, 27-годишната С.Б. од Чичино Село-скопско, пријавила дека нејзиното 11 годишно дете на последна автобуска постројка во селото Сарај, било пресретнато од страна на три лица од кои едното од нив претходно го познавало.
Истите биле со возило, по што детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата. Потоа го носеле детето на неколку локации во градот за да питачи. Кога го однеле во близина на „Веро Џамбо“ со цел да питачи, во еден момент детето го забележало неговиот татко, при што се стрчало кон него, а лицето кое го донело се оддалечило во непознат правец.
Во врска со настанот приведен е 60-годишниот Ќ.К. од Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор