Loading Video...
Балкан
1. јуни 2023 - 21:25

КФОР на главните раскрсници во Звечан, продолжува да ги контролира и општинските згради на северот на Косово

Србите на северот на Косово продолжуваат да протестираат. И на петиот ден од собирите барањата се исти - повлекување на специјалците од северот а албанските градоначалници да ги напуштат општинските  згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, но косовскиот премиер не попушта. Покрај зградите на општинските власти во Звечан, Лепосавиќ, Зубин Поток и Северна Митровица, КФОР распореди свои сили на главните раскрсници во Звечан на барање на локалните Срби.

Србите немаат проблем со КФОР. Жалиме што дојде до судирите меѓу српските демонстранти и припадниците на КФОР рече лидерот на Српска Листа. Во Јужна Митровица пак се одржува протест на Албанците. Дел насаобраните сакале да заминат во северниот дел на Митровица но полицијата не дозволи. Претседателите на Србија и Косово на самитот на европските лидери во Молдавија меѓусбено се обвинија кој е виновен за тензиите на северот на Косово, додека ЕУ им порача да дадат се од себе за да избегне натамошна ескалација. НАТО пак објави дека најавените дополнителни 700 припадници на КФОР, веќе се на пат кон Косово .