Македонија
10. August 2020 - 16:45

Кавадарчанец се обеси во затворот во Идризово - бил осуден на затвор за повеќе кривични дела

39 годишен затвореник во Идризово утрово е пронајден обесен во затворското одделение Амбуланта. Информацијата за Сител ја потврди в.д директорот на казнено поправната установа кој вели дека најверојатно се работи за самоубиство, но се уште се испитуваат сведоци и се утврдуваат точните причини. Донев потврди дека се работи за лице осудено на 22-годишна затворска казна за повеќе тешки кражби и убиство.

„Се случи таков настан. Осудено лице на 40тина години си го одзема животот со бесење. Иначе лицето е од одделот на зависници, осуден на поголема затворска казна од 22 години и 6 месеци за тешки кражби и убиство. За настанот се известени надлежните, а местото на настанот е обезбедено“ вели в.д. директорот на КПУ Идризово Александар Донев.

За настанот известена е и управата за извршување на санкции, јавното обвинителство и секторот за крвни деликти во Министерството за внатрешни работи. По нивниот увид ќе се знаат точните причини и околностите за настанување на смртта.