Македонија
24. September 2020 - 12:20

Кавадарчанец пренесен во болница, откако се повредил при работа

Кавадарчанец вчера бил пренесен в болница, откако се повредил при работа, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера во 15.39 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека 32-годишниот Д.М., вработен во фирма од Кавадарци, се повредил додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош, појасни Додевски.

По пријавата бил извршен увид на местото на настанот.