Македонија
7. August 2020 - 11:53

Камерите го фатиле како краде вреќи цемент од градската депонија во Дебар

Безбедносните камери поставени неодамна на градската депонија во Дебар „уловиле“ лице како краде вреќи со цемент што се дел од градежниот материјал кој се користи во изградбата на оградата на депонијата.

Како што информираа од Општината, во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето по што против него ќе се превземе соодветна законска постапка.

На градската депонија се спроведуваат активности за нејзино уредување, но и поголема контрола врз неа, што е последователна активност на локалната власт во напорите за почист град.

На овој начин, ќе се минимизираат и честите проблеми, како што се палење на отпадот, депонирање отпад без критериуми во и надвор од депонијата.

По поставувањето на безбедносни камери и светилките, во тек е изградба на бетонска ограда со рампа на влезот, додека другиот дел од депонијата ќе биде ограден со челична жица.