Македонија
14. November 2019 - 8:15

Какво е влијанието на политиката во работата на судството?

Политиката влијае врз судството.Има ситуации каде судиите носат одредени одлуки во кои изгледало дека пресудуваат на начини за да се усогласат со политиката агенда во државата или некоја политичка партија очекувајќи унапредување во кариерата  или избегнувајќи  проблеми на работното место истакна Дајана Палеквин политички офицер во американската амбасада на меѓународната конференција на тема „Попречување на правдата како закана за судската независност и транспарентност".

Претседателот на Здружението на судиите Саити истакна дека е тешко да се донесе оценка до кој степен е влијанието на политиката или одредени целни групи врз судиите, бидејќи не секогаш судиите ги пријавуваат таквите појави.

На меѓународната конференција за судии во Охрид беше потенцирано дека судиите можат да бидат жртви на опструкција и попречувани во нивниот секојдневен професионален ангажман, но постојат и случаи тие да бидат и сторители на такво кривично дело .