Македонија
5. December 2021 - 21:18

Какви ќе бидат односите меѓу владините коалициони партнери, дали цената за новото мнозинство е висока?

Не освоија ниту еден градоначалник на последните избори, а денес победнички влетаа во власта. Алтернатива донесе прагматична одлука, смета аналитичарот Небиу, која барем на краток рок ќе го стабилизира политичкото милје.

Плати ли СДСМ превисока цена за опстанок на владата?

Со напуштањето на коалицијата со Алијанса на Албанците, Алтернатива направи репозиционирање на албанскиот политички блок. Небиу смета дека најголем победник од ова сценарио сепак е ДУИ.

Небиу вели дека барањето на Алтернатива за меѓународен мониторинг на некои судски случаи повеќе служи како политички маркетинг и нема да донесе некакви суштински промени за овие предмети за кои веќе има пресуди.

Станува збор за комплицирана коалиција, заклучува Небиу, која ќе има потешкотии да се одржува доколку нема брзи позитивни резултати.