Македонија
21. May 2022 - 16:36

Какви измени скрои Владата во Ребалансот на Буџетот?

Минстерство за финансии ја прекрои државата каса. Се кратат 200 милиони евра за непродуктивни трошоци, се пренаменуваат пари за помош на граѓаните и фирмите за полесно справување со еконоската и енергетската криза.

Економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти или за 1,4 % проценти помалу во однос на првичните проекции. Државата очекува цените да растат,  а годинава да заврши со инфлација од 7,2 проценти.

Токму затоа владата обезбедува нови 76 милиони евра за мерки кои треба да го заштитат животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Со 52 милиони евра ќе се зголемуваат платите во јавниот и приватниот сектор, пензиите и ќе се субвенционира земјоделието.

Со ребалансот е предвидено зголемување на приходите од 5%, но и зголемени расходи од 5,9 отсто.

Дефицитот ќе достигне 5,3 проценти од бруто домашниот производ, а дупката во буџетот од близу 700 милиони евра ќе се покрива со задолжување на домашниот и меѓународниот пазар. Колку пари ќе одобри Меѓународниот монетарен фонд Бесими вели дека ќе се знае отккао ќе се финализира договорот.

Министерот Бесими очекува економијата да заздравува со умерено темпо, докрајот на оваа и почетокот на следната година, иако се ќе зависи од руско-украинската војна.

Ребалансот на буџетот е веќе испратен во Собранието, но нема информации кога ќе се најде на пленарна седница.