Бизнис
20. April 2021 - 21:30

Како реагираат засегнатите, за кои е наменет шестиот пакет економска помош?

Угостителите утре ќе се изјаснат дали помошта од шестиот пакет мерки е доволна за да се откажат  од протестите. Туристичките работници пак велат дека грантовите се добредојдени но не се доволни. Тие остануваат на улица додека Владата не ги прифати во целост нивните барања. Ова се реакциите по донесениот нов пакет мерки во кој први на списокот за помош се угостителските објекти. Стотици граѓани од двата најпогодени сектори денеска излегоа на протест пред Министерството за финансии.

Од бизнис секторот велат дека тие доставиле свои предлози за тоа што треба да содржи шестиот пакет.  Но, не биле консултирани при носењето.  Допрва ќе прават анализи  на условите според кои ќе се дели помошта. Најголем проблем останува тоа што парите не стигнуваат навреме кај оние на кои им се најпотребни..

Во шестиот пакет мерки помош ќе има и за игротеките,организаторите на настани како и за  фотографите и фитнес центрите.