Македонија
17. January 2022 - 12:32

Како да се рециклира текстилниот отпад?

Дури 40 % од отпадот на градската депонија во Штип доаѓа од текстилната индустрија. Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи, а во конфекцииите во „македонскиот Манчестер„ се продуцира дури 15 000 кубни метри текстилен отпад на годишно ниво. Меѓутоа, тоа што за едни е смет, за други е богатство. Две невладини организации и Техничко- технолошкиот факултет при УГД учествуваат во проект за производство на производи од рециклиран отпад.

-Ова е социјално претпријатие што значи дека, ќе прави профит, но нема да го дели профитот, односно, ќе го враќа профитот во заедницата. Тоа кај нас се уште е во зародиш, ново е, нема легислатива, нема Закон, но она што сега го имаме се снаоѓаме. Нам не ни беше јасно како никој до сега не започнал да се занимава со оваа работа, затоа што има многу текстилен отпад, меѓутоа, ние малку ја превртевме работата и во тој отпад гледаме репроматеријал, гледаме суровина- изјави Борис Шарковски, Фондација за развој на локалната заедница-Штип.

Текстилните производи ќе се продаваат на веб страницата „Купувај рециклирано“. Собраните средства ќе се искористат да им помогнат на социјално ранливите граѓани да отворат сопствен бизнис.