Македонија
15. јуни 2021 - 16:51

Кацарска: Не постои политичар кој може да ми се јави на телефон за да ми каже како да работам

Не постои политичар кој може да ми се јави и да ми каже како да работам, порачува судијката Кацарска која пред три недели ја превзема претседателската функција во Уставниот суд. Обвинувањата на опозицијата дека ова е награда за пресудата за 27 април вели дека се неоснавни бидејќи лица кои влегле во законодавниот дом и повредиле пратеници, не можат да бидат уставобранители.

Кацарска е симбол на партизираното трас-трас судство на Заев, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Таа неправедно осуди лица за тероризам само за да му удоволи на Заев и да му овозможи политички да манипулира. Но ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе ги поддржува овие лица да дојдат до правда се вели во соопштението на опозициската партија.

Мандатот како претсдедтал Кацарска го почнува со само шест уставни судии. Вели дека судот може да работи и вака, но државата не смее да дозволи овој проблем да трае со месеци. Заедно со поранешната судијка во Стразбур Цаца Николовска апелираа Собранието да избере професионалци, а не партиски членови.

Реакциите следат откако веќе две недели Уставен работи со тројца судии помалку, а дебата во Собранието за избор на нови беше прекината по жестоката расправа и обвинувањата на опозицијата дека власта сака го партизира судот преку изборот на Цветанка Иванова и Васко Талевски. Нова седница на собраниската комисија за изнори и именување до крајот на оваа недела не е закажана.