Loading Video...
Балкан
27. February 2021 - 16:39

Јужноафриканската мутација стаса во регионот

Новиот јужноафрикански сој на корона вирусот се појави и во Хрватска. Потврдени се 2 случаи, а првиот случај е регистриран  и во Словенија. 

За јужноафрикаснкиот сој  засега се знае дека предизвикува потешка клиничка слика. Позаразен е и поотпорен на вакцини. Го намалува бројот на антитела за две третини, така што е можно повторно да се заразат и оние кои веќе ја прележале болеста.  Фајзер и Модерна  веќе работат на модификација на своите вакцини за да ги направат поефикасни против новата варијанта. Истражувањата покажаа дека тие вакцини, а особено онаа на Астразенека се помалку успешни кога се работи за најновата мутација.

Резултатите од последното тестирање на Новавакс вакцината укажуваат дека таа е 95 проценти ефикасна кај оригиналниот сој на вирусот, 85 кај британскиот, а само 60 насто кај јужнофриканскиот. Овој сој веќе е доминантен во Африка, но се шири и низ Европа, Јапонија и Блискиот Исток. Првиот случај пред една недела е потврден и во САД. Случаи се регистрирани во Грција, Белгија, Австрија, Унгарија, Норвешка и Велика Британија. Во исто време британсккиот тип на корона продолжува забрзано да се шири низ европските земји. Неговата стапка на заразност е за 40 до 70 проценти поголема од Вухан вирусот, а се шири и меѓу младото население.