Loading Video...
Фудбал
2. August 2020 - 15:21

Јувентус со пораз од Рома ја прослави шампионската титулата

Иако тимот на Јувентус во последниот меч од сезоната во Серија А, претрпе убедлив пораз со 3-1 и тоа на домашен терен од Рома сепак фудбалерите на „Старата дама“ имаа причина за радост. 
 
Тие веќе пред две кола ја обезбедија новата шампионската титула, па подигањето на трофејот пред празни трибини беше доволна причина за фудбалерите на Јувентус повеќе од задоволни да стават крај на сезоната во домашното првенство. 
 
Во дербито на колото, кое се играше само за престиж, Интер на гостински терен ја победи Аталанта со 2:0 со што „неро-азурите“ го потврдија второто место, а тимот од Бергамо остана трето пласиран и тоа пред се благодарение на победата на Наполи од 3-1 во дуелот против Лацио. 
 
Така Јувентус, Интер, Лацио и Рома кои завршија на првите четири позиции ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите следната сезона, додека Рома и Милан кој во последното коло го обеди Каљари со 3:0, како и Наполи на Елиф Елмас кој триумфираше во Купот на Италија, ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа..