Фудбал
26. July 2016 - 11:15

Јувентус го купува новото бразилско „чудо“!

Еден од најталентираните бразилски фудбалери Габриел Барбоса се сели во Јувентус откако Сантос ја прифати понудата од 20 милиони евра. 

Од клубот велат дека сега се зависи од 19-годишниот фудбалер. Сантос има само 40% од сопственоста врз фудбалерот, 40 % има фамилијата и 20% менаџерската агенција.
Популарниот „Габигол“ веќе три сезони игра за Сантос каде на 152 натпревари постигна 56 гола и за него има голем интерес уште и од Барселона која долго време го следи но и од ПСЖ, Челзи и Борусија Д.