Loading Video...
Кошарка
24. October 2022 - 12:08

Јута и Кливленд по продолженија ги добија Њу Орлеанс и Вашингтон

На два од петте синоќешни натпревари одиграни во НБА лигата победниците беа решени по дополнителните пет минути. 
 
Јута славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 122-121. Канаѓанецот, Олиник на 3.секунди пред истекот на продолжението го постигна последниот кошот, а на спротивната страна Мекалум не го реализира шут за победа. 
 
Во третата победа во исто толку одиграни средби „џезерите“ ги предводеше Финецот, Марканен кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок со 31 поени и 12 скокови.
 
Доскорешниот играч на Јута, а сега член на Кливленд, Донован Мичел беше предводник на „кавси“ во победата над Вашингтон, дуел на кој исто така беа одиграни дополнителни пет минути. 
 
Мичел средбата ја заври со 37 поени, 5 скокови и 4 асистенции, а „Кавалирс“ славеа со конечни 117-107. 
 
Победа оствари и шампионот Голден Стејт кој со 130-125 го совлада Сакраменто, односно Феникс кој на гостувањето кај ЛА беше подобар од Клиперси со 112-95, меч на кој Букер за победничката екипа постигна 35 поени.