Свет
22. March 2017 - 21:50

Јункер: ЕУ сочувствува со семејствата на жртвите во Лондон

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вечерва испрати соопштение по повод терористичкиот напад во Лондон, Велика Британија, каде четири лица го загубија животот, а повеќемина се повредени. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Јункер во име на Европската унија порача дека Брисел останува партнер на Лондон и дека Европејците ќе докажат дека љубовта секогаш ќе триумфира над омразата.
 
- Моите мисли се со Лондон вечерва, со семејствата на жртвите, со патниците кои патуваат дома и со луѓето низ целата земја и светот кои се обидуваат да стапат во контакт со своите најблиски, со службите за итни случаи кои работат храбро вечерва, како и секоја друга ноќ. Денеска се одбележува една година откако жителите на Брисел и Белгија доживеаја слична болка и ја чувствува поддршката на вашата симпатија и солидарност. Во ова емотивно време, ние во Европската комисија можеме само да испратиме двојна симпатија назад. Велика Британија секогаш ќе остане партнер и пријател и земја со која ќе продолжиме да работиме рака под рака во борбата против тероризмот. Заедно, Европејците никогаш нема да престанат да докажуваат дека љубовта секогаш ќе триумфира над омразата и дека толеранцијата секогаш ќе триумфира над стравот, истакна Јункер.